Кожув со триумф над ТФТ ја заврши сезоната во Супер лигата

Кожув успеа да слави против ТФТ со 91-79 во последното коло од плејофот во македонската Супер лига, во натпревар кој немаше резултатско значење за екипите затоа што веќе беше познат пласманот на тимовите.

Гевгеличани во првата четвртина успеаја да поведат со 31-25, а предноста растеше до 55-49 на полувремето.

ТФТ во вториот дел продолжи со идентична игра како во првото полувреме, додека Кожув ја контролираше играта и славеше со 91-79.

Најефикасен во победничкиот тим беше Бојчев со 16 поени, додека Ташовски запиша 24 поени за ТФТ.

Екипата од Тафталиџе во полуфиналето ќе се соочи против Маџари, додека МЗТ Скопје ќе се соочи со Пелистер.