Формула 1 трката во Мајами ќе стартува - три часа порано!
Формула 1 информираше дека поради временските услови одлучено е трката во Мајами да стартува во 15 часот по локално време.
„По разговорите меѓу ФИА, Ф1 и промотерот на Мајами, донесена е одлука почетокот на Големата награда на Мајами во недела да се помести во 13:00 часот по локално време во Мајами, поради временската прогноза која се очекува да донесе пообилни дождови подоцна попладне, блиску до првично планираното време за почеток на трката“, стои во соопштението.
По македонско време трката би била во 19 часот, наместо во 22 како што претходно беше предвидено.
Пол позицијата синоќа ја освои Кими Антонели, а до него ќе стартува Макс Ферстапен.