Шалке се врати во Бундеслигата, Муслиќ веднаш доби нов договор!
Шалке го доби натпреварот со гол на Караман уште во 15. минута.
Во игра влезе и Един Џеко кој беше отсутен на претходните натпревари поради повредата која ја заработи за БиХ против Италија.
Босанскиот напаѓач во игра влезе во 69. минута на местото од Љубичиќ.
Веднаш по натпреварот беше објавено дека тренерот Мирон Муслиќ има нов договор според кој ќе биде во клубот до јуни 2028 година.
Тој имаше клаузула во договорот дека автоматски ќе му се активира нов доколку го внесе Шалке во Бундеслигата.