Барса ја победи Осасуна и уште утре може да стане шампион на Шпанија! (ВИДЕО)
На четири кола до крајот Барселона има 88 бода, Реал Мадрид има 74, но и меч помалку, па доколку утре не го победи Еспањол на гостински терен, Каталонците и официјално ќе станат шампиони.
На денешниот натпревар долго време беше почетниот резултат 0-0. Конечно беше постигнат гол во 81. минута кога погоди Левандовски по асистенција од Рашфорд.
Пет минути подоцна Торес зголеми на 2-0, но тоа не беше се на натпреварот.
Во 88. минута Гарсија намали на 1-2 и создаде возбудлива завршница на натпреварот, но домаќините не успеаа да се спасат од пораз.