Ужасна трагедија во Србија: Почина голман среде натпревар!
Во Горни Степош, во близина на Крушевац, голманот Јовановиќ доживеал срцев удар на полувремето од натпревар во Првата расинска општинска лига.
Борбата за животот на Никола траела се до моментот кога била констатирана смрт на патот од Горни Степош до болницата во Крушевац.
„Почитувани следбеници и фанови на ФК Читлук, со голема тага ве известуваме дека денес засекогаш не напушти нашиот голман, Никола ЈОвановиќ - Дота. Нешто што делуваше дека ќе биде обично саботно попладне на стадионот во Горни Степош, се претвори во Кошмар, кога на Дота прво му се слоши на полувремето, а потоа почина“, стои во соопштението на клубот.