Драма и голеада на арената: Ивановски спаси два злато вредни бода за Пелистер! (ФОТО+ВИДЕО)
Возбудувањата почнаа по само четири минути игра кога Мухарем го отвори резултат, но Пелистер брзо се врати и во деветтата минута го израмни резултат.
Сепак, домаќинот до крајот на првите 45 минути постигна и втор гол за ново водство. По враќањето од паузата во 55. минута, домашниот состав дојде и до два гола предност. Стрелец беше Димтмир Хоџа.
Но, Пелистер и во таква ситуација не се откаже, Петар Петковски во 72. минута намали на 3-2, а херој беше ветеранот Мирко Ивановски кој во втората минута од судиското продолжение ги постави конечните 3-3.
Пелистер сега останува пред Работнички со 33 бода на позицијата која обезбедува бараж, додека дебармаалци со 29 се претпоследни, место што директно носи во Втората лига.






