Салах: Се случија работи за кои луѓето не знаат...
Египетскиот офанзивец заминува со освоени две титули во Премиер лигата, една Лига на шампиони, како и трофеи во клупското Светско првенство, Суперкупот на Европа, два Лига купа, ФА куп и Комјунити шилд. На 440 натпревари постигна 257 голови и запиша 122 асистенции, а четири пати беше најдобар стрелец во Англија.
„Не сакам да вртам околу темата. Минатата сезона не бев подготвен да заминам по рекордите и титулата, тоа немаше да биде правилно. Сега чувствувам дека е вистинско време, иако има многу работи зад сцената кои јавноста не ги знае. Ми носи мир тоа што знам дека ова е исправна одлука, оваа година беше тешка за сите нас“, изјави Салах за „ТНТ Спортс“.
„Црвените“ имаа турбулентна сезона со променлива форма, но со три последователни победи во април се доближија до пласман во Лигата на шампионите. Со 58 бодови се наоѓаат на четвртата позиција, со осум повеќе од шестопласираниот Брајтон, на четири кола до крајот.