Сè е подготвено за спектакл: Охрид против Целје ќе брка финале во Европскиот куп

Македонскиот ракометен суперлигаш Охрид денеска од 19 часот ќе се соочи со словенечкиот тим Целје во реваншот од полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп.

„Гладијаторите“ имаат негатива од еден гол (26-27) од првиот натпревар против Целје, но денеска ќе се обидат да се изборат за историско финале во елитното натпреварување, а дополнителна помош ќе добијат од полните трибини на салата „Билјанини Извори“.

Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ веќе го објави и составот за вечерашниот натпревар, а надвор од конкуренција за настап се БНорозан, Петриќ, Трајчески и уште неколку ракометари.

Доколку успее да го елиминира Целје, Охрид во финалето ќе се соочи против Татабања, каде што игра македонскиот ракометар Филип Талески.

Натпреварот меѓу Охрид и Целје се игра вечерва во салата „Билјанини Извори“ од 19 часот, а пренос ќе врши „МРТ3“.

Фото: Facebook/ ГРК Охрид - GRK Ohrid