Пасторе откри зошто Енцо го посетил Мадрид - не бил на преговори со Реал!
Фернандез претходно отворено флертуваше со „кралевите“, а во Мадрид беше забележан како се сретна и со Џуд Белингам, а тоа дополнително ги „разгоре“ шпекулациите за неговата иднина, меѓутоа Пасторе вели дека не постојат преговори.
„Кога и да има слободен ден, тој доаѓа во Мадрид затоа што јас живеам таму, а има и пријатели. Тоа е сè, нема ништо повеќе, негова цел е да ја заврши сезоната со Челси, да има добар настап на Мундијалот, а потоа ќе видиме“, кажа Пасторе.
Фото: Facebook/Chelsea Football Club