Ива Пројковска ќе биде четврти судија на дербито меѓу Барселона и Баерн

Македонската судијка Ива Пројковска ќе биде дел од реваншот меѓу женските екипи на Барселона и Баерн Минхен во Лигата на шампиони (ЛШ).

Пројковска е избрана за четврти судија на дуелот кој ќе се одигра на 3 мај на „Камп Ноу“, каде што двете екипи ќе се борат за пласман во финале, откако нивната прва средба заврши нерешено (1-1).

Главна судијка на мечот ќе биде Стефани Фрапар, а помошнички се Камила Сириано и Сихам Бодина.

Фото: Facebook/FC Bayern Frauen