Мурињо се колне: Никој од Реал не ми се јавил
Со денови, трофејниот Португалец се поврзува со својот поранешен клуб како еден од искусните кандидати на кои се фокусира претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Сепак, тој е категоричен дека никој од шпанскиот гигант не го контактирал за тренерската позиција, ниту за нешто друго.
„Никој од Реал Мадрид не ме контактирал. Се колнам во тоа! Толку години сум во фудбалот, навикнат сум на овие гласини, но немаше никаква информација од Реал Мадрид“, изјави Мурињо за португалскиот весник „А Бола“.
Мурињо има договор со Бенфика до крајот на следната сезона, но има и клаузула за заминување за која се шпекулира дека Реал Мадрид ќе ја активира.
фото: x.com/slbenfica