Борозан го напушта Охрид и се сели во Алкалоид!?
Борозан до крајот на сезоната ќе остане во дресот на Охрид, по што ќе ја засили екипата на Кирил Лазаров.
За искусниот ракометар ова ќе биде четврти македонски клуб во кариерата, откако претходно играше за Вардар, Металург и сега го носи дресот на Охрид.
Освен во Македонија, Борозан ги носеше дресовите и на Карловац, Ал-Араби, Ловќен, Ал-Хада и други тимови.