Играше за Реал, Јувентус и Наполи, сега е - непрепознатлив

Гонзало Игуаин одбележа една ера во фудбалот. Аргентинецот беше еден од најбараните напаѓачи на почетокот и во втората деценија од овој милениум

Откако дебитираше во Ривер Плејт, тој направи направи во моќниот Реал Мадрид, тука почна неговиот подем кон ѕвездите, по што играше во некои од најдобрите клубови во Европа: Наполи, Јувентус, Милан, Челси...

Кариерата ја заврши во Интер Мајами, во 2022 година. Не поминаа ни четири години од неговото пензионирање, но Игуаин во голема мера остана надвор од медиумското внимание. Сепак, тој останува поврзан со спортот, работејќи како тренер за развој на играчи во клубот на Дејвид Бекам.

Неодамнешна фотографија од аргентинскиот напаѓач стана вирална. Поранешниот аргентински интернационалец беше фотографиран со навивач во еден објект во Мајами. На 38 години, Игуаин изненади многумина со својот изглед. Тој не го напуштил целосно спортот, бидејќи редовно игра и се натпреварува во падел. Во 2024 година, освои турнир во Мајами заедно со Венецуелецот Тарек Дехам.