На Башкими - Вардар повторно падна навивач од трибина! (ВИДЕО)
Имено, некаде по 20-тина минути од трибината на кумановскиот состав падна навивач на домаќинот кој поради суспензијата на теренот во Куманово денеска игра во Гостивар.
Висината на трибината во Гостивар воопшто не мала, а засега нема информации за состојбата на навивачот за кого се надеваме дека нема посериозни повреди.