Повредениот навивач на Башкими е хоспитализиран и се чувствува добро

Фудбалскиот клуб Башкими излезе со соопштение дека младиот навивач кој денеска доживеа несреќа за време на натпреварот против Вардар во Куманово се чувствува добро и нема трајни последици.

По десетина минути игра во второто полувреме, дојде до прекина затоа што навивачот падна од трибината и очигледно претрпел повреди. Од фотографиите може да се заклучи дека настрадал вратот, но малиот Ноарин сепак е добар.

„За време на денешниот натпревар против Вардар, се случи инцидент со еден од нашите најмлади навивачи Ноарин. За среќа, по брзата интервенција на неговите родители и медицинскиот персонал на стадионот, неговото здравје е одлично и тој е надвор од каква било опасност. Ноарин е добар и ја добива целата грижа што му е потребна“, пишува во соопштението на Башкими.

Откако на Ноарин му беше, натпреварот во Куманово беше продолжен, но заврши без голови.