Чудесен гол: Ракометар на ПИК Сегед изведе магија во ЛШ (ВИДЕО)

Ракометарите на ПИК Сегед вчера беа поразени од Магдебург со 35-28 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а мала утеха за играчот на Сегед, Борут Мачковшек, беше тоа што постигна еден од најубавите голови оваа година.

Неговата креативност ја препозна и ЕХФ од каде што прашаа дали ова е голот на годината.

„Дали ова е најубавиот гол во годината?“, стои во описот на видеото на официјалната страница.

Искусниот 33-годишен словенечки репрезентативец, висок 203 сантиметри, се заврте двапати пред да постигне еден од своите седум гола на натпреварот. Ова воедно беше негов најефикасен настап сезонава во Лигата на шампионите.