Шахтер ќе загуби 30 милиони евра поради суспензијата на Мудрик
Челси го купи Мудрик од Шахтер во трансфер кој со бонуси може да достигне 88 милиони евра, меѓутоа дел од парите не се исплатени затоа што Украинецот е надвор од терените.
Извршниот директор на Шахтер, Серхи Палкин кажа дека клубот ќе добие голем финансиски удар бидејќи дел од парите најверојатно нема да ги добијат.
„Имаме 30 милиони евра кои ни следуваат како бонуси во неговиот договор. Но ако не игра за Челси, ги губиме тие пари“, кажа тој.
Мудрик поднесе жалба на одлуката на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), па наскоро се очекува конечен епилог од ситуацијата.