Работнички со убедлива победа над Ангели ја заврши сезоната!
Кошаркарите на Работнички доминираа во првата четвртина која ја добија со 23-13, а до полувремето предноста се зголеми на 50-35.
Ангели не успеа да ја врати неизвесноста во вториот дел, па Работнички на крајот запиша триумф со 99-84.
Најефикасен во победничкиот тим беше Роберт Рикиќ со 31 поен и 18 скокови, додека Ангел Кечовски запиша 24 поени, четири скокови и три асистенции за Ангели.