Mитревски ја има третата најдобра асистенција во ЛШ! (ВИДЕО)

Maкедонскиот голман Никола Митревски ја има третата најдобра асистенција во Лигата на шампионите за минатата сезона.

Станува збор за асистенцијата за Дејан Манасков против Барселона и голот кој беше прогласен за најатрактивен во сезоната.

На врвот на листата се најде Емерик Мине од редовите на Нат, а пред Митревски е у ште Ремили. Зад македонскиот голман во топ десет место добија: Лазар Кукиќ, Домен Макуц, Лук Стеинс, Симон Јепсон, Дика Мем, Јулиен Бос и Тобиас Грондал.