Ферстапен излета во завршницата, Расел прв ќе тргне во Австрија! (ВИДЕО)

Џорџ Расел ја освои пол-позицијата за Големата награда на Австрија откако Макс Ферстапен излета од патеката за време на последниот дел од квалификациите 

Ферстапен се изврте во свиокот број 9 при својот последен брз круг, по што беа истакнати двојни жолти знамиња. И покрај тоа, Расел успеа да го подобри своето време, возејќи круг од 1:06.113, при што ја намали брзината во делот од патеката каде што беа жолтите знамиња.

Младиот Кими Антонели го прекина својот последен обид и на крајот заврши на четвртото место, додека возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, ги освоија втората и третата стартна позиција.

Макс Ферстапен на крајот ќе стартува од петтото место, пред Ландо Норис на шестата и Оскар Пјастри на седмата позиција. Зад нив се уште Хаџар, Лоусон и Линдблад.