Вторник е историскиот ден за Ѓорческа на Вимблдон

По вчерашната ждрепка, организаторот на Гренд слем турнирот Вимблдон го објави распоредот на натпреварите од првото коло во машка и женска конкуренција.

Оваа година, првпат во историјата, Македонија ќе има свој претставник во главната ждрепка кај дамите, во нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа. Таа за противник ја доби ланската финалистка Аманда Анисимова од САД откако претходно помина три квалификациски рунди.

Својот натпревар против шестата носителка, Ѓорческа ќе го игра на 30 јуни, односно на вториот ден од натпреварите од првото коло. Со оглед на тоа што противничката е вицешампионка од лани, не е исклучено нашата тенисерка да игра на еден од главните терени, но тоа ќе се знае в понеделник кога ќе биде познат и точниот термин на натпреварот.