Хрватски навивачи наидоа на хрватска свадба во Филаделфија - младенците им се придружија (ВИДЕО)

Неверојатни сцени беа видени вчера во Филаделфија каде репрезентацијата на Хрватска вечерва го игра клучниот натпревар за пласман во нокаут фазата од Светското првенство, против Гана.

Додека хрватските навивачи правеа атмосфера низ улиците, наидоа на свадба на Хрвати и им се придружија во веселбата.

Младенците со задоволство ги прифатија и им се придружија во навивањето, како и девериците кои заиграа во тактот на скандирањето. Неверојатен беше ентузијазмот на невестата која навиваше како да се наоѓа на стадион, а не на својата венчавка.