Продолжува потценувањето од Американците: Не знам каде е БИХ на карта и не сакам ни да знам (ВИДЕО)
Самодовербата во коментарите, иако не од самата екипа, туку од американската јавност, се претвора во несоодветна ароганција и неоправдано потценување на нивните ривали во осминафиналето, конкретно на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Синоќа поранешниот голман на американската репрезентација Тим Хауард имаше безобразна изјава на оваа тема и им порача на Босанците воопшто да не се качуваат во авион, а американската новинарка Абигејл Велез зборуваше со сличен тон во нејзиното гостување на ABC.
„Репрезентацијата на САД игра против БиХ следната среда. Единственото нешто што го знам за Босна е дека не знам да ја покажам на карта. Не знам ништо за Босна и не сакам да знам. Бидејќи репрезентацијата на САД се врати, ние сме подобри од кога било! Тоа е следната среда. Подготви се, Босна, бидејќи не го сакаш ова. Не го сакаш така, но ќе го добиеш. Тоа е следната среда“, рече Велез.
САД ја завршија првата фаза како лидер во својата група, додека БиХ помина натаму како една од најдобрите третопласирани репрезентации.