Уругвајците му фаќаат сеир на Муслера: Најдобар голман во историјата ни е - Суарез

На цела мака по елиминацијата уште во групната фаза, уругвајските љубители на фудбалот најдоа сили да фатат сеир на своја сметка или поточно на сметка на својот голман Фернандо Муслера.

Ветеранот е директен виновник за тоа што Уругвај ќе си замине дома по само три натпревари бидејќи киксираше и против Саудиска Арабија и против Шпанија и со тоа неговата репрезентација загуби значајни бодови во борбата за местата кои водат во следната фаза. На социјалните мрежи се појавија илјадници пораки по синоќешниот кикс со Шпанија, а можеби најинтересната од нив е онаа во врска со Луис Суарез.

„Најдобар голман во историјата на Уругвај е - Луис Суарез“, се смета навивачите од оваа јужноамериканска држава.

Секако, алузијата е на она што се случи во четвртфиналето од Светското првенство во 2010 година против Гана кога Луис Суарез од гол-линијата спаси чист гол, играјќи со рака. За тоа доби црвен картон, а Гана пенал, но Асамоа Гјан ја погоди пречката по што Уругвај, по изведување удари од 11 метри се пласира во полуфиналето. Дури и тогаш, Суарез доби црвен картон поради грешка на киксерот Муслера.