Раул Фернандез беше најбрз во Холандија за прва спринт победа

Возачот на Трекхаус, Раул Фернандез, победи на спринт-трката која се возеше во рамки на Големата награда на Холандија.

Фернандез на патеката во Асен стигна до првата победа сезонава во спринт-трките. Второто место му припадна Аи Огура, додека трет заврши Фабио Ди Џанантонио.

Лидерот во генералниот пласман, Марко Бецеки, трката ја заврши на четвртата позиција, а бодови освоија и Хорхе Мартин, Франческо Бањаја, Марк Маркез, Енеа Бастијанини и Педро Акоста.

Главната трка за Големата награда на Холандија ќе се вози в недела од 14 часот.

Бецеки е лидер во генералниот пласман со 186 бодови, втор е Мартин со 177, додека трет е Ди Џанантонио со 164 бода.