Откриени детали: Арсенал на Винисиус му ја нуди најголемата плата во клупската историја!
Според пишувањата на Островот, англискиот клуб е подготвен да направи сè за да го доведе во своите редови еден од најдобрите фудбалери на „кралевите“, кој влегува во последната година од договорот со Реал Мадрид.
Дека нешто навистина се случува, покажува и денешната информација на британскиот „Телеграф“, според која Винисиус, доколку се пресели во Лондон, би заработувал околу 470.000 евра неделно. Тоа би била највисоката плата во историјата на Арсенал.
Дополнителен оптимизам за „топчиите“ претставува фактот што Винисиус веќе подолго време не успева да постигне договор со Реал Мадрид за продолжување на соработката.
Бразилецот досега во дресот на „кралскиот клуб“ има постигнато 128 голови во сите официјални натпреварувања.
🚨🚨| BREAKING: Arsenal are ready to offer Vinicius Junior over £𝟒𝟎𝟎,𝟎𝟎𝟎 per week — the 𝐁𝐈𝐆𝐆𝐄𝐒𝐓 salary in the club’s history. 🤯
— CentreGoals. (@centregoals) July 26, 2026
The Gunners have decided the financial aspect will 𝐍𝐎𝐓 be a problem in their pursuit of Vini Jr.
[@TeleFootball] pic.twitter.com/myf7vZ3Nkp