Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот е обвинет за силување!
Рајан Мендеш се најде под истрага на полицијата во Нов Зеланд по пријава за силување поднесена од Бразилка, која во февруари работела како преведувач за репрезентацијата.
Наводниот инцидент, според пријавата, се случил во хотелот во Оукленд каде што бил сместен националниот тим. Жената тврди дека Мендеш доцна во ноќта тропнал на вратата од нејзината хотелска соба, а откако му ја отворила вратата, тој влегол внатре и ја нападнал.
Случајот според информациите се случил ноќта по пријателскиот натпревар против Чиле.
Од полицијата потврдија дека постапката е во тек, но поради истрагата не откриваат повеќе детали. Адвокатот и семејството на девојката побарале од ФИФА Мендеш да биде отстранет од Светското првенство меѓутоа засега немаат одговор.
Следниот натпревар на Зеленортските Острови на Мундијалот е на 3 јули во нокаут фазата против Аргентина.