Вардар се мачеше за реми со аматерите од Сан Марино, а неговиот противник во ЛШ - згази во Финска! (ВИДЕО)
Вардарци досега славеа неколку убедливи победи против аматерски екипи, а денеска против ривалот од минатото лето во квалификациите за Конференциската лига за првпат не победи.
Од друга страна доминантниот настап на Купс засега не е добра најава пред двомечот на македонскиот шампион против сериозниот фински ривал. Ако е нешто позитивно за Вардар од денешниот натпревар, тоа е голот на Герсон Родригез кој претходно беше исклучен на тренинг натпревар помеѓу две екипи на Вардар.
Купс во својот натпревар посебно издоминира во вториот дел кога постигна три од четирите гола, а исто така тие во овој момент се лидери на табелата во Финска со ист број на бодови со Интер Турку (30).
Првиот натпревар против Купс Вардар го игра на свој терен на 7 јули, додека реваншот е седум дена подоцна во Финска.