Репрезентативец на Холандија доби ужасна вест за време на Мундијалот
Девојката информацијата ја објавија на социјалните мрежи.
„Со скршени срца објавуваме дека нашиот мал син почина за време на бременоста. Ви благодариме за целата поддршка“, објави на Инстаграм.
Парот дете му го дал името Елајџа Рафаел Гакпо.
„Заедно отидовме во црква и запаливме свеќа. Потоа отидовме на игралиште со нашиот син Семјуел. Таму имаше уште едно дете кое се викаше Елајџа. Не можеше да има поубав знак од Бога“, сподели таа.
Инаку, Гакпо пред четири недели објави дека тој и неговата девојка го очекуваат своето второ дете.