Голем успех за Ивановски – ќе игра за трофејот на фјучерсот во Загреб!

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, се пласира во финалето на фјучерс-турнирот во Загреб, откако попладнево беше подобар во полуфиналната пресметка со домашниот претставник, Божо Барун (6-4, 3-6, 6-3).

Тоа беше исцрпувачка битка што траеше два ипол часа со среќен крај за нашиот дејвис-куп репрезентативец. Ивановски брзо направи брејк, кој потоа го потврди за 4-1 и потоа само успешно ги одбрани своите два сервис гема за освојување на решпавачкиот сет. Тој во борбата за трофејот ќе ги одмери силите против Кумојун Султанов (Узбекистан), кој во второто полуфинале го совлада новопечениот Македонец, Олег Приходко (6-3, 6-1).

Наградниот фонд на турнирот изнесува 30.000 долари, а победникот ќе инкасира 4.600 долари и 25 бодови за АТП ранкг-листата.