Крај на сите дилеми: Инфантино откри дали Иран ќе игра на Мундијалот
Конечниот одговор денеска го даде претседателот на ФИФА, Џани Инфантино - оваа азиска селекција ќе ја гледаме на Мундијалот на северноамериканскиот континент.
Иран и САД моментално се во воена состојба. Иранците треба да ги играат сите три натпревари од групната фаза на американска почва, а тоа е она што го рече Џани Инфантино, шефот на ФИФА.
„Треба веднаш да кажам, за да потврдам за оние кои можеби сакаат да истакнат нешто друго, дека Иран ќе учествува на Светското првенство оваа година. И, секако, Иран ќе игра во САД. Причината за ова е многу едноставна, затоа што мора да се обединиме. Мора да ги зближиме луѓето. Фудбалот го обединува светот. ФИФА го обединува светот“, рече Инфантино.
Иран го игра својот прв натпревар на 15 јули во Лос Анџелес против Нов Зеланд. Шест дена подоцна игра против Белгија, а на 26 јуни против Египет во Сиетл.