МЗТ го заборави поразот од Пелистер и со победа го заврши плејофот
На гости кај Маџари, шампионот славеше со 94-81, но натпреарот ионака немаше резултатско значење бидејќи и пред ова коло се знаеше кој со кого ќе игра во полуфиналето. Оттука, двете екипи можеа да играат растоварено и да ги почнат подготовките за она што ги очекува во борбата за титулата.
МЗТ ја имаше контролата над резултатот, но отпорот на противникот го скрши во последната четвртина кога поведе со највисоки 18 поени разлика.
Смит беше најефикасен и најдобар играч на МЗТ Скопје со 23 поени и 12 асистенции, Петков потигна 21 поен, а Гил 19. Грин и Армстронг го предводеа Маџари со 23, односно 22 поена.