Пролет ја надигра Струга, Пелистер 2 го наполни голот на Радовиш
Дуелот меѓу Струга и Пролет беше израмнет во првото полувреме (15-15), по што Пролет направи исчекор кон победата и ја имаше предност речиси во текот на целиот втор дел за да слави со 29-27.
Во дресот на Пролет блесна Дрпљанин со девет голови, додека Костоски запиша 10 погодоци за Струга.
Пелистер 2 ја најави големата победа уште во првото полувреме кое му припадна со 21-11, а во вториот дел продолжи да го полни голот на Радовиш до конечни 38-23.
Најефикасни во победничкиот тим беа Белистојаноски и Марковски со по седум голови, додека Ончев запиша шест погодоци за Радовиш.
Фото: Facebook/RK Eurofarm Pelister