Додека одмора од тенисот, Ѓоковиќ ужива во - кошарката

Новак Ѓоковиќ и Јанис Адетокумпо пристигнаа вечерва во салата „Мир и пријателство“ за натпреварот од Евролигата помеѓу Олимпијакос и Монако.

Откако претходно го гледаше дуелот Црвена Ѕвезда Белград - Реал Мадрид од првиот ред, рамо до рамо со Лука Дончиќ, четвртиот светски рекет повторно се најде на трибините на една европска кошаркарска арена. Покрај него и Адетокумпо е првиот човек на Евролига, Дејан Бодирога, уште една спортска легенда.

Сè уште не е познато дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на овогодинешниот Ролан Гарос, кој се одржува од 18 мај до 7 јуни во Париз. Последниот турнир на кој настапи српскиот тенисер е Индијан Велс уште на почетокот на март.