Валенсија нема среќа: Втор брејк на Панатинаикос со звукот на сирената

Панатинаикос славеше со 107-105 по продолжение во вториот натпревар од четвртфиналната серија од Евролигата против Валенсија, како гостин. Неверојатен шут имаа двете екипи, постигнувајќи по 16 тројки, но победникот се решаваше во последниот напад.

Хејс Дејвис ја зеде топката, се избори за позиција и погоди со звукот на сирената, нешто слично како Нан завчера, на истото место. Токму Хејс Дејвис беше и најефикасен со 27 поени, со пет тројки од девет шута, Нан додаде 19, а Осман 16. Монтеро беше најефикасен кај Валенсија со 21 поен.

Серијата сега се сели во ОАКА каде пред крајот на мај ќе се одржи и завршниот турнир од Евролигата. На Панатинаикос му треба една победа на следните два меча за да си обезбеди пласман на Ф4.

Многу блиску до место на завршниот турнир се и Фенербахче и Олимпијакос кои вечерва поведоа со 2-0 против Жалгирис и Монако.

РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче - Жалгирис 86-74 (2-0)
Олимпијакос - Монако 94-64 (2-0)
Валенсија - Панатинаикос 105-107 (0-2)