Манчестер јунајтед сезонава може да прекине традиција долга 88 години

Славната школа на Манчестер јунајтед со децении наназад важеше за расадник на таленти кои подоцна стигнуваа и до првиот тим на англискиот гигант, но на две недели пред почетокот на сезоната постои опасност во тимот на Аморим да не заигра ниту едно дете на клубот.

Најтрофејниот англиски клуб го држи рекордот со дури 4.321 натпревари на кои во тимот настапил барем еден фудбалер од младинската школа, но тоа би можело да се прекине веќе на 17 август против Арсенал.

Маркус Рашфорд летово се пресели во Барселона на позајмица, Гарначо не е во плановите на Аморим и потврди дека заминува, додека Џони Еванс одлучи да се повлече.

Од фудбалерите кои би можеле да добијат шанса е Коби Мејно, но неговатаа склоност кон повреди и картони го доведе во опсност клубот да ја прекине традицијата од далечената 1937 година.

Фото: Manchester United/X