
Аморим: Целта ми е да останам 20 години во Манчестер јунајтед!
Манчестер јунајтед под водство на Рубен Аморим не ја врати моќта од минатото. Но, португалскиот стратег верува дека работите ќе бидат многу подобри во новата сезона.
„Сакам да останам во Манчестер јунајтед 20 години. Навистина верувам во тоа, тоа е мојата цел. Знам дека минатата сезона го искористив целиот кредит, сега одиме напред“, вели Аморим.
Аморим танцуваше на работ на отказ, но не го доби. Ако резултатите не бидат добри во новата сезона, тешко дека ќе може да ја заврши истата.