
Легендарниот Гечевски ѝ се враќа на кошарката – ќе биде директор на второлигаш!
Станува збор за амбициозен тим од Штип, кој за малку остана без можност за прволигашка промоција минатата сезона, во која загуби во полуфиналето од плејофот во Втората лига за потоа да заврши како третопласиран. Со оглед што летово имаше многу шпекулации за евентуални откажувања на екипи од елитата или за „продавање“ на прволигашкиот статус, шансите на штипјани да играат во новата Супер лига се уште постојат со оглед на нивната заинтересираност.
Гечевски последниот кошаркарски ангажман го имаше во Работнички, каде што исто така ја вршеше улогата на спортски директор, а претходно ја имаше таа функција во Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) во првите години од „владеењето“ на Перо Антиќ. Популарниот Тоше е еден од репрезентативците со најмногу средби за националниот тим, за кој играл и со скршена рака односно нос, со што се наметна како една од петте најголеми легенди во овој спорт кај нас. Во играчката кариера настапуваше за Тиквеш, Никол Ферт, МЗТ Скопје, Работнички, како и за неколку тимови надвор од државата меѓу кои е и Задар каде што исто така важи за клупска легенда.