„Бомба“ во Штип: Иван Николов потпиша за Брегалница!

Фудбалерот од средниот ред, Иван Николов се врати во Македонија, во својот роден Штип и оваа сезона ќе настапува за Брегалница.

Штипјани промовираа уште едно големо засилување за македонскиот фудбал, 24-годишниот Иван Николов.

Николов во Брегалница доаѓа како слободен играч, неговиот последен клуб беше Радник Бјелина. Претходно настапуваше за данските клубови Сондерјиске и Вендсисел. Во Македонија играше за Брера, Вардар и Брегалница.

Има еден настап за македонската сениорска репрезентација, играше и за сите младински селекции на Македонија.

Брегалница имаше неизвесен старт на сезоната, но откако се консолидиреше донесе квалитетни засилувања. Претходно потпиша и со Максимов кој веќе прави разлика во натпреварите од домашното првенство.