Барселона и Динамо Загреб влегоа во спор, причината е - Ливаковиќ!

Хрватскиот голман, Доминик Ливаковиќ наскоро и официјално ќе биде претставен како голман на Барселона, тој денеска треба да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на договор со каталонскиот клуб.

Откако ќе потпише со Ливаковиќ, Барселона планира да го пушти хрватскиот голман на едногодишна позајмица, а од наредната сезона да го врати, тогаш ќе замине Војчех Шчесни.

Првичниот план беше Барселона да го даде Ливаковиќ на едногодишна позајмица во Динамо Загреб, но преговорите не се одвиваат успешно.

Проблемот е тоа што хрватскиот клуб го сака на двегодишна позајмица, Динамо сака подолгорочно решение на голманската позиција.

Тоа не ѝ одговара на Барселона, која сака да го има Ливаковиќ во својот ростер од следната сезона.

Дали ќе се случи некаков компромис, останува да се види, но се верува дека доколку Динамо не попушти во своите барања, Ливаковиќ ќе замине на позајмица во друг клуб.