
Поранешниот клуб на Барди тргнува по Елмас
Според најавите Елмас летово ќе ја промени средината бидејќи бундеслигашот не смета на неговите услуги, а во изминатот период се поврзуваше со шпански Реал Сосиедад.
Сепак, сега се појави и Турција како опција каде што во минатото македонскиот репрезентативец со голем успех го носеше дресот на Фенербахче, пред да се пресели во Наполи.
Медиумите во Турција пренесуваат дека проблем во реализацијата на трансферот би можела да биде отштетата бидејќи се очекува Лајпциг да бара окол 20 милиони евра.
Ќе потсетиме, Елмас минатата сезона ја помина во Италија во дресот на Торино, но калчолигашот не успеа да се договори со Лајпциг за откуп на неговиот договор.