
Сон со солзи и овации го напушти Тотнем, а неколку минути подоцна се случи ужас! (ВИДЕО)
Денеска Тотнем и Њукасл одиграа пријателски меч кој заврши 1-1. Сон го напушти мечот во 64. минута.
Целиот стадион беше на нозе, публиката му аплаудираше, а соиграчите со многу емоции се збогуваа од него. Сон со насмевка излезе од теренот.
Сцените од заминувањето на Сон кажуваат многу за него, ретко кој играч бил испратен на ваков начин.
Но, во финишот од мечот се случи катастрофа за Тотнем. Се повреди Џејмс Медисон, а неговата реакција укажува на тешка, ужасна повреда.
Медисон одеднаш се фати за главата и почна да скока крај аут линијата. Падна на теренот во болки, а потоа беше изнесен со носилки од теренот.
Не е јасно за каква повреда се работи, но ако се суди по неговата гестикулација, не е нешто едноставно.