Фудбалерите како Сон се реткост – има страшна статистика во Премиер лигата!

Хјонг-Мин Сон одлучи да го напушти Тотнем по десет години поминати во Северен Лондон, а неговата објава дека заминува беше причина на Островот да потсетат за каков фудбалер станува збор.

Кореецот низ годините стана еден од најдобрите фудбалери на Спарс стигна и до капитенската лента. Вкупно на 454 натпреварри постигна 173 погодоци. Од нив 127 беа во Премиер лигата, но импресивен е податокот кој покажува дека нема послаба нога.

Имено, Сон 74 голови постигнал со десна и 49 со лева нога и тоа е навистина реткост во денешниот фудбал.

Сепак, неговата последна сезона во која постигна седум гола беше најслаба уште од дебитантската кога сезоната ја заврши со четири постигнати погодоци.

Најуспешен беше во сезоната 2021/2022 кога дојде до бројката од 23 гола.