
Ниту евро помалку: Винисиус си кажал колку пари сака за да остане во Реал
Винисиус кој веќе седум години е член на Реал Мадрид има договор до 2027 година и мали се шансите дека до крајот на годината ќе дојде до договор помеѓу двете страни за продолжување на соработката.
Преговорите во овој момент се стопирани од страна на фудблерот и неговите претставници. Бразилецот не сака да прифати плата од 20 милиони евра и бара најмалку 25.
Новинарот Тоно Гарсија открива дека 25-годишниот напаѓач не помислува да се согласи на износ помал од тоа, па дури е подготвен и дазамине ако реба.
Винисиус во Реал Мадрид пристигна во 2018 година од Фламенго за 45 милиони евра и на 322 натпревари за „кралевите“ постигна 106 голови и овои 14 трофеи.
Во овој момент во Реал Мадрид повисока плата од него имаат само Давид Алаба и Килијан Мбапе.
Фото: Real Madrid C.F/X