Урнебес: Играч на Црвена Звезда шутираше тројка, а го погоди врвот од таблата (ВИДЕО)

Навивачите на Црвена Звезда се уште се во неверување по поразот на нивниот тим од Мега, но во исто време се чудат на еден обид за тројка на Стефан Лазаревиќ.

Во финишот од првото полувреме, крилниот играч доби топка на аголот од теренот и шутна од дистанца, но место топката да оди кон кошот, заврши на врвот од таблата и тоа во шпицот.

Навивачите беа остри во своите коментари кон Лазаревиќ на социјалните мрежи, дури и се прашуваат како тој игра за Црвена Звезда.