Конте му се враќа на фудбалот, се договори со клуб од Серија А!

Според „Раи Спорт“, Антонио Конте си подал рака со Аурелио Де Лаурентис за тригодишен договор со Наполи.

Реномираниот италијански медиуми тврди дека Конте ќе биде нов тренер на Наполи, двете страни се договориле за тригодишен договор кој наскоро и официјално ќе биде потпишан.

Конте ќе добива плата од 6,5 милиони евра по сезона.

Де Лаурентис и претходно сакаше да го ангажира Конте, но тој не сакаше да го преземе клубот среде сезона.