„Беин Спорт“ објави снимка која покажува дали Баерн беше оштетен во Мадрид (ВИДЕО)

Баерн Минхен загуби на неверојатен начин од Реал Мадрид во луда завршница на „Сантијаго Бернабеу“ и остана без финале во Лигата на шампиони (ЛШ), но големо внимание привлече ситуација од судиското надополнување.

Судиите прекинаа акција на баварскиот гигант по која беше постигнат гол, но гостите не беа среќни со тоа затоа што сметаат дека судијата избрзал со одлуката и требало да остави ВАР-технологијата да го каже последниот збор.

„Беин Спортс“ објави снимка по натпреварот на која може да се забележи дека Мазрауи не бил во недозволена ситуација и голот требало да биде признат ако претходно не беше прекинат нападот на Баерн.