Обрадовиќ го доживеа најтешкиот дебакл во последните 25 години

Најуспешниот европски тренер во историјата Жељко Обрадовиќ повторно мораше да му честита на најголемиот ривал во битка за трофеј.

Од неговото враќање во Партизан, клубот освои само еден пехар, лани во АБА лигата, а годинава доживеа едно од најголемите понижувања во својата богата кариера. Поразот со 0-3 од Црвена Звезда во финалето на АБА е прв за него, остварен без ниедна победа, по пауза од 25 години. Такво нешто, последен пат му се случи во 1999 година кога како тренер на Бенетон изгуби со истиот резултат од Варезе во финалето од италијанскиот плејоф.

Под негово водство Партизан првпат загуби во финале од АБА лигата со 0-3, а оваа година Обрадовиќ има 0/6 во дуелите со Црвена Звезда.