Новата Победа го наполни стадионот во Прилеп и почна со - шестка! (ФОТО)
Новоформираниот ГФК Победа го имаше својот историски прв официјален настап, а дебито на стадионот „Гоце Делчев“ беше украсено со убедлива победа од 6-0 против Превалец од Велес.

Но, резултатот беше само дел од приказната. Новата трибина на прилепскиот стадион беше исполнета речиси до последното место, а голем број прилепчани дојдоа да го поздрават новиот клуб и да дадат поддршка на почетокот на една нова фудбалска приказна. ГФК Победа претходно беше промовиран како нов клуб кој од сезоната 2026/27 ќе се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига, со амбиција постепено да го врати Прилеп на фудбалската мапа. Од клубот уште при промоцијата најавија дека домашните натпревари ќе ги играат на стадионот „Гоце Делчев“, со желба повторно да создадат вистинска фудбалска атмосфера во градот.

Прилепчани во голем број се вратија на трибините, а новиот клуб доби поддршка во моментот кога му беше најпотребна. Победата од 6-0 дополнително го разубави моментот и испрати јасна порака дека интересот за фудбалот во градот сè уште е огромен.
