Пелистер против Мулти Есенс до прва победа во сезоната

Ракометарите на Пелистер против Мулти Есенс славеа со 38-27 со што ја запишаа првата победа сезонава во ракометната Суперлига.

Гостинскиот состав одлично го отвори натпревар и му правеше проблем на фаворитот. Во еден момент водеа и со 8-4, сепак вицешампионот тогаш „додаде гас“ и до крајот на полувремето го сврте резултатот во своја корист (18-14).

Второто полувреме помина целосно во знакот на избраниците на Червар кои доминираа на теренот и ја зголемуваа разликата за на на крајот да слават со 38-27.

За Пелистер ова е прв триумф бидејќи во првото коло ремизираше на гости кај Oхрид (28-28).

Најефикасен за Пелистер денеска беше Ненад Белистојановски кој постигна осум гола.